Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието

Од:

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, локално до 50 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од -2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво