Сончево и релативно топло, температура до 21 степен

Од:

Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен до јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје наутро ќе биде со слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во следните два дена ќе се задржи релативно топло време со појава на утринска магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и во петок и на почетокот на викендот кога ќе дува и засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Би можело да ве интересира

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени

Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени