Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност и пониска дневна температура.

Синоптичарите најавуваат минимална температура во интервал од -2 до 4 и максимална од 6 до 15 степени.

Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла.

Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и температурите ќе останат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка.

Во петок попладне и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и на пониските места.

Би можело да ве интересира

Облачно и врнежливо со температура до 17 степени

А1он

Од вечер до понеделник облаци и дожд

Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Врнежливо со температури до 16 степени

Попладне и утре врнежи од дожд и засилен ветер

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови