Сончево и многу топло со УВ индекс 10

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 10.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.

Особено топло ќе биде во четврток и петок кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Би можело да ве интересира

Денеска ќе биде сончево и многу топло, температура до 40 степени

Од денеска до 13 август: Топлотен бран ја зафаќа земјава

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне услови за дожд

Турција регистрираше 50 степени за прв пат во историјата

Горан Наумовски

Во центарот на Чачак беа измерени неверојатни 54 степени

Горан Наумовски