Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, на повеќе места со брзина над 60 километри на час, а кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Температура ќе се движи во интервал од 15 до 42 степена, УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа, времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло до 29 степени

Сончево и топло, од утре дожд

Сончево и топло со мала локална облачност

Сончево и релативно топло, до 17 степени

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер

Горан Наумовски