Сончево и многу топло, попладне наместа дожд и грмежи

Од:

Сончево и многу топло ќе биде денеска времето.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност ќе биде и во главниот град на државата.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Синоптичарите најавуваат многу топло време до среда.

Дневната температура ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигнува и до 40 степени.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Црн биланс од летните горештини: Речиси 3.000 дополнителни смртни случаи во Белгија

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд

Горан Наумовски