Сончево и многу топло, до 38 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец.

Во ноќните часови кон петок ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 29 до 38 степени. UV=8.

Во Скопје во текот на денот ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Според УХМР, во петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Потоа за време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Црн биланс од летните горештини: Речиси 3.000 дополнителни смртни случаи во Белгија

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд

Горан Наумовски