Сончево и многу топло

Од:

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура во интервал од 14 до 20 степени, а максималната од 33 до 39 степени со УВ-индекс 9, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

УХМР најавува дека до утре ќе се задржи стабилно и многу топло време.

Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

В недела и в понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

Би можело да ве интересира

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

(ВИДЕО) Доаѓа најсилниот Ел Нињо во историјата

Денеска сончево и многу топло, до 40 степени

Следува период на сончево и многу топло време – над 40 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд

Денеска сончево и топло до 38 степени