Сончево и многу студено

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу студено, во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од снег.

Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.

Во Скопје сончево и многу студено со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната ќе достигне 3 степени.

Како што соопшти УХМР, во вторник и в среда претпладне се очекува нов влажен бран, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, а на пониските места со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, над 25 литри на метар квадратен, а на планините на северозапад снежната покривка значително ќе се зголеми.

Во вторник ќе дува засилен јужен ветер. Кон крајот на неделата дневната температура ќе се зголеми.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку денот сончево

Студено, преку денот сончево со мала локална облачност

Утрото студено, преку ден сончево со мала облачност

Променливо облачно и студено

Најстудено во Берово, најмногу дожд на Попова Шапка

Горан Наумовски

Најстудено во Берово, во Охрид најтопло