Сончево до среда, од четврток промена на времето

Од:

Времето денеска е претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 12 и максимална до 33 степени.

До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината, а веќе од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок, врнежите ќе бидат проследени со локална појава на грмежи, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во деновите од викендот.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло