Солна киселина истекла од цистерна во околината на фабриката МЗТ во Гази Баба

Од:

Солна киселина истекла вчера вечер од цистерна во околината на фабриката МЗТ во општина Гази Баба.

Инспекторите од Град Скопје веднаш реагирале и го пронашле сторителот.

За инцидентот информираше Инспекторатот на Град Скопје, на својата Фејсбук страна.

-По пријава од општински советник на општина Гази Баба за непријатен мирис во околина на фабрика МЗТ, дежурните екипи Инспекторат на град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот. Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се превземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување, се нагласува во објавата.

Инспекторатот на Град Скопје додава дека правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина.

Направен е записник за натамошно постапување.

Би можело да ве интересира

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Мртва жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски