„Солидарност“: Владата докажа дека работи против работницте

Од:

Со најновите експресно изгласани измени на законите што се однесуваат на правото на штрајк во образованието, Владата даде најочебиен доказ дека работи против работниците на Македонија, се вели во соопштението на левичарското движење „Солидарност“.

Реагирајќи на новите законски измени во основното и средното образование во врска со правото на штрајк, од „Солидарност“ велат дека Владата сакајќи да си обезбеди привид на законито работење, или ги толкува постоечките рестриктивни одредби за штрајкот против работниците или ги менува законите на штета на работниците, сакајќи да создаде привид дека работи според законите.

Од таму потсетуваат дека правото на штрајк, кое е гарантирано со Уставот и пред измените било рестриктивно регулирано.

– Не е правна онаа држава во која власта наменски ги менува законите во своја корист! И не е социјална онаа држава во која власта нема слух за социјалните проблеми на работниците! Левичарското движење „Солидарност“ ги повикува работниците од образованието кои се моментално невработени да не служат како монета за поткусурување на Владата против легитимните барања на Синдикатот за образование. Не дозволувајте за беден надомест за само два, три, пет дена да бидете алатката преку која Владата ќе ги порази вашите класни другари! – стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски