Солидарност: Итна оставка на Владата и ослободување на политичките затвореници

Од:

Левичарското движење „Солидарност“ се огласи со соопштение, во кое повикува заедно и солидарно да се стапи на страна на слободата

Еве што стои во Манифестот на „Солидарност“:

„Приклучете се на народните протести кои добиваат сè поголема поддршка ширум цела Македонија! Сплотени и солидарни како никогаш до сега, угнетените го кренаа гласот против оваа одчовечена власт! Тој глас е веќе ослободен и ечи по улиците, го навестува новото време на правда и еднаквост, слобода и солидарност, вредности кои ќе ги вратиме и втемелиме во секоја пора на нашето општество!

Ние никогаш не прифативме и нема да прифатиме ниедна форма на неправда! Со години, заедно со работничките и работниците, студентите и студентките, невработените, новинарките и новинарите и сите други обесправени стоевме на браникот на правдата и слободата. Народното движење кое со години растеше истрајно и самостојно, на 5-ти мај кулминираше во масовен народен бунт.

Овој ден, 5-ти мај, веќе претставува почеток на новото време, од овој ден па натаму во Македонија сè ќе биде различно!

Почитувани СОБОРКИ И СОБОРЦИ! Се наоѓаме пред големи чекори, и затоа мораме заедно да ги градиме нашите идни чекори, да го поставиме планот за новото општество!

Активистите и активистките на Левичарското движење СОЛИДАРНОСТ, како дел од автентичниот народен глас, стоејќи цврсто убедени во исправноста на народната борба за слобода и правда, ги поставуваат следниве барања:

Итна оставка на Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Никола Груевски;

2. Ослободување на сите политички затвореници, вклучително и приведените по настаните на 5-ти мај;

3. Формирање на Влада на Национален Спас која во најкус можен рок ќе го направи следново:

– Именување нови раководни лица во полицијата и обвинителството;

– Прочистување на избирачкиот список и организирање на фер и демократски изборен процес.

Борбата за демократска и социјално праведна Македонија продолжува!

Би можело да ве интересира

Влада: Оставката на Дамева е единствената исправна одлука

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје