Сојузот за иднината во Бутел: Да го вратиме Бутел на достоинствените граѓани

Од:

Вечерва во трговскиот центар Живко Брајковски во населбата Бутел беа промовирани кандидатот за градоначалник Коста Начевски и Јани Макрадули, кандидатот за градоначалник за Скопје.

Беа претставени и советничката листа и нејзиниот носител Велимир Смилевски. Покрај нив, на митингот говореа и претседателот на НСДП, Тито Петковски и лидерот на СДСМ и на Сојузот за иднината, Бранко Црвенковски.

Време е да се прекине она што го прават на Бутел веќе 20 години. Време е Бутел да се врати на нормалните, достоинствените граѓани. Да ставиме крај на нивните лаги, затоа на 24 март заокружете го бројот 42 порача Начевски.

Лидерот на СДСМ, Црвенковски, порача дека во Начевски и во Макрадули и Бутел и Скопје ќе ги добијат вистинските луѓе за вистински промени, кои ќе покажат како се владее домаќински, наспроти пропаста што ја донесе владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија