Сојузот за иднината пријави 13.869 фантомски гласачи во ДИК

Од:

Опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ информираше дека ги доставила во Државната изборна комисија (ДИК) сите податоци за 13.869 фантомски гласачи и побарала вонредна седница на ДИК на која ќе се провери состојбата.

Според „Сојузот за иднината“ 13.869 гласачи кои се во избирачкиот список не биле во списокот во 2011 година, а не стекнале право да бидат впишани во списокот по основа на стекнато полнолетство. Опозициската коалиција напоменува дека поголем број од тие фантомски гласачи се запишани на иста адреса – и до 60 лица, во еден случај, „што отвара сомневања за веродостојноста на добиените податоци за нивното живеалиште врз основа на кои тие се запишани во Избирачкиот список“.

„Сојузот за иднината“ нагласува дека во општина Центар: на ул. „Максим Горки“ бр. 11, влез 1, стан 2 се запишани 60 лица, на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 20, влез 1, стан 1 се запишани 29 лица, на улица „Стале Попов“ бр.9, влез 1, стан 58 се запишани 27 лица, на ул. „Васил Ѓорѓов“ бр. 24, влез 2, стан 27 се запишани 27 лица, на ул. „Киро Крстевски-Платник“ бр. 11, влез 1, стан 3 се запишани 24 лица и тн.

Слични податоци имало и во изводот на Избирачкиот список за општина Ресен. На пример, во Ресен, на улица „Коле Неделковски“ бр.27 се запишани 31 лице, на ул. „11 Септември“ бр. 95 се запишани 30 лица, на ул. „Јосиф Јосифовски“ бр. 40/2 се запишани 17 лица, на ул. „10“ бр. 23, се запишани 34 лица итн.

„Од тие причини бараме да ја разгледате оваа состојба и да утврдите на кој начин, под кои услови и во која постапка тие лица од надлежните органи имаат добиено лични документи и адресни податоци врз основа на кои се запишани во Избирачкиот список. Исто така, бараме да се провери основот за упис на 13.869 ново запишани лица во Избирачкиот список, а кои не се стекнале со вакво право врз основа на стекнато полнолетство од 2011 до денес“, се вели во барањето што опозицијата го упати до ДИК.

Поради тоа е поднесено барање „Државната изборна комисија да закаже вонредна седница и во рамките на своите надлежности да ја провери веродостојноста на податоците добиени од МВР која е надлежна за издавање на државјанства, лични документи и адресни податоци, кои се предуслов за внес на лицата во Избирачкиот список“.

Би можело да ве интересира

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД