Сојузот на здруженија на пензионери ќе отвори телефонска линија за пенионерски прашања

Од:

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ги информира пензионерите дека од 4 август ќе почне да функционира отворена телефонска линија за пензионерите „Ало, пензионерски прашања“ на која двапати неделно, по два часа пензионерите ќе можат да добиваат одговори на нивните прашања.

– Во услови на пандемија, Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија ги информира пензионерите дека од 4 август ќе почне да работи телефонската линија 02 3213 227 „Ало, пензионерски прашања“. Одговорите ќе ги даваат стручни и компетентни лица ангажирани од Сојузот, секој вторник и четврток од 10 до 12 часот, појаснуваат од Сојузот.

Оттаму додаваат дека на овој начин се потврдува грижата за пензионерите со цел да добијат одговори на нивните психолошко-социолошки и здравствени проблеми, или да остварат обична комуникација со што, како што посочуваат, ќе се потврди значењето на разговорот и вниманието неопходно за луѓето во третата доба.

Би можело да ве интересира

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Во Кавадарци бесплатниот превоз за пензионери ќе стартува од јануари

Орце Костов

Тренчевска: Со новиот пакет антикризни мерки ќе бидат опфатени и пензионерите со најниска пензија