Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Од:

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) денеска ќе го одржи Третиот конгрес на кој делегатите ќе избираат нов Извршен одбор и нов претседател на Сојузот, поради завршување на мандатот на досегашниот, Лука Павиќевиќ.

Кандидати за нов средношколси лидер се Ива Трпески, ученичка во кичевското средно училиште „Мирко Милески“, одговорна за администрација при Извршниот одбор на Сојузот, и Берин Мухамед, ученик во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, координатор на младинските амбасадори при Извршниот одбор на Сојузот.

Пред Конгресот, Средношколскиот сојуз ќе го одржи 20. Генерално собрание на кое ќе се усвојува извештајот за работа, а претседателот во заминување ќе има проштален говор пред делегатите.

– Сојузот ќе ја презентира и белата книга за воведување демократско-граѓанско образование како нов предмет во сите четири години од средното образование. Веднаш по затворањето на Собранието, Сојузот ќе го почне Третиот конгрес, информира ССРСМ.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците