ВИДЕО: „Сојуз за иднината“ поднесе тужби до Управниот суд

Од:

Коалицијата „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ, поднела до Управниот суд на Република Македонија повеќе од 100 тужби, зашто смета дека Државната изборна комисија одлуките ги донела со надглсување, а не врз основа на закон и аргументи.

– Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК го претвори овој државен изборен орган во политичка инквизиција.  Најдобар доказ за ова е фактот што мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК ги одби нашите приговори не водејќи сметка за ниту еден факт и без притоа да се направи увид во избирачкиот материјал на оспорените избирачки места. Барањата за увид и пребројување на гласачките ливчиња беа одбиени со надгласување 4 спрема 3. Сосема спротивно, за приговорите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Струмица беше применет поинаков аршин, рече потпретседателката на СДСМ Ана Павловска-Данева на прес-конференција.

Според неа, членовите на ДИК кои одбиле повеќе од 300 приговори на опозицијата, за Струмица прифатиле приговори без никаков правен основ со кои, како што рече, сакаат да му ја украдат убедливата победа на градоначалникот Зоран Заев.

– Не може со три неиздржани приговори и без увид во гласачките ливчиња, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да ја менува волјата на струмичани.   Очекуваме Управниот суд да покаже висока професионалност и независност во одлучувањето по тужбите, да пресудат ослободени од политички притисок, водејќи се единствено според уставот и законите. Управниот суд, како последна инстанца, ја има целата одговорност со законски одлуки да ја исправи политичката неправда на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК, рече Павловска-Данева.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“