Сочувство од ректорот Јанкуловски за трагичната смрт на четворица студенти од УКИМ

Од:

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски изрази сочувство за трагичната смрт на четворица студенти од УКИМ кои загинаа во завчерашната автобуска несреќа – Павле Костоски од Правниот факултет, кој магистрирал пред три месеци, Онур Садику од Медицинскиот факултет, Бејза Узеири од Архитектонскиот факултет и Јовица Трпевски од Електротехничкиот факултет.

– Длабоко сум потресен од трагичната сообраќајна несреќа во која настрадаа наши граѓани. УКИМ изразува најдлабоко сочувство кон семејствата на загинатите. Особено болно за академската заедница на УКИМ е загубата на четирите студенти од овој Универзитет, наведува Јанкуловски.

Во дописот тој се оградува и од изјавата на професорката од Правниот факултет Билјана Ванковска бидејќи, како што вели, во врска со нејзината изјава вчера во медиумите и на социјалните мрежи бил повикуван и споменуван УКИМ. Притоа додава и дека Скопскиот универзитет секогаш ја поддржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење.

-Не навлегувајќи во правните квалификации на изјавата на професорката, за што се надлежни други институции, од етички причини чувствувам должност да се оградам од изјавата на проф. д-р Билјана Ванковска. Како човек остро осудувам секакви изјави кои алудираат на нетрпеливост и нетолеранција и создаваат чувство на омраза. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ секогаш ја подржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење, пишува Јанкуловски.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ

Полицијата го уапси возачот кој во Маџари тешко повреди девојче и избега од местото на несреќата

Во Маџари тешко е повреденo 11-годишно девојче, возачот избега од местото на сообраќајката

Горан Наумовски

Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ