Сочувство од премиерот Димитриев до турскиот премиер Јилдирим

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев изрази сочувство до премиерот на Турција Бинали Јилдирим по повод терористичкиот акт во дискотеката во Истанбул во кој загинаа 39 лица.

– Веста за грозоморниот терористички акт кој се случи во Истанбул длабоко ме потресе и вознемири. Осудувајќи го овој акт на терор Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете им ги на семејствата на жртвите. Граѓаните на Македонија се со граѓаните на Турција во овој тежок миг, истакнува Димитриев.

Македонија и Турција, потенцира тој, стојат заедно со целата меѓународна заедница во борба против тероризмот кој претставува глобална закана за човештвото и кој мора да биде поразен.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он