Сочувство од ДОМ за терористичкиот напад во Ница

Од:

Демократската обнова на Македонија (ДОМ), по повод терористичкиот напад во Ница упати телеграма со сочувство до француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер.

– Членовите на ДОМ, како и целата јавност во Македонија, со голема вознемиреност и згрозеност ја примија веста за синоќешниот крвав настан во Ница. Длабоко жалиме за несреќата што се случи во Вашата земја и за невините жртви од овој грозоморен терористички акт.
Упатуваме длабоко сочувство до францускиот народ и до семејствата на загинатите и искрено се надеваме дека Франција во овие тешки моменти ќе најде начини да се справи со мрачните сили на тероризмот и дека нема да бидеме сведоци на други вакви и слични сурови настани, стои во телеграмата од ДОМ.

Крвавиот акт во Ница, како што се наведува, уште еднаш укажува дека меѓународната заедница се соочува со постојана закана од страна на терористите и оти и натаму приоритет треба да биде заштитата на човечкиот живот.

– Заради тоа е неопходна широка координација и соработка на сите земји во светот врз принципите на солидарност, толеранција и превенција од насилство, стои во телеграмата од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!