Претседателот на Народно движење за Македонија Јанко Бачев, денеска во амбасадата на Руската Федерација во Скопје се потпиша во Книгата на жалост отворена по големата несреќа на рускиот авион.
– Во име на народот на Македонија, во име на Народно движење за Македонија и во свое лично име, изразувам најдлабоко сочуство до братскиот и пријателски народ на Русија и до семејствата и роднините на сите загинати во големата авионска несреќа – напиша претседателот Бачев.