Собраниски служби: Новинарите не беа избркани туку замолени да ја напуштат галеријата

Од:

Здруженијата на новинари и медиуми бараат одговорност од надлежните кои наложија и ја извршија наредбата новинарите да бидат отстранети од галеријата.

Упатени се претставки до внатрешната контрола на МВР, претседателот на Собранието, Народниот правобранител кој нареди новинарите да бидат насила остранети од галеријата во собраниската дебатна сала, за да не го регистрираат и снимат изнесувањето на пратениците од опозицијата.

Од собраниската служба за односи со јавност, за Радио Слободна Европа велат дека новинарите не биле избркани од Собранието, туку биле замолени да ја напуштат галеријата и да се префрлат во прес центарот.
Велат дека одлуката не ја донел претседателот на собранието Трајко Вељаноски, туку службата за безбедност.

Од МВР велат дека по консултација со Собранието, поради нападот врз Вељаноски и прекинот на седницата, било одлучено дека во тој случај новинарите немало потреба да бидат присутни.
​​
Ова вчера кога се случи инцидентот никој не им го објасни на новинарите, ниту на претседателот на ЗНМЗ Насер Селмани, кој исто така грубо беше исфрлен.

ЗНМ го прекина дијалогот со власта .​​

Прашуваме дали ова значи „замолување“?

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on