Собраниски маратон

Од:

Собранискиот спикер за до Нова година наметна силно темпо во Законодавниот дом. Секој ден заседаваат по неколку комисии, а веќе се закажани и пленарни дебати. Вчера започнатата 123 седница е своевиден рекордер. Останати се уште 73 точки за разгледување и гласање. Меѓу нив и избори на нов ревизор, заменици на Народниот правобранител, нов член на Судскиот совет.

Пратениците треба да одлучуваат и за предлогот за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди во Скопје, Битола, Тетово и Кичево и дополнителни средства во износ од 90.000.000 денари за откуп на акции за целосна државна сопственост на АД ГА- МА.

Група пратеници предлагаат отворени листи за советници и паритет во поднесената листа на кандидати за пратеници и за членови на совет на општината и градот Скопје, со еднаква застапеност на жени и мажи.

Копјата ќе се кршат за предлогот на истата група пратеници целата држава да биде една изборна единица и да нема изборен праг. Ова, сметаат ќе им овозможи на поголем број политички партии, како и на партиите на помалите етнички заедници, да го остварат своето право на претставување, а граѓаните да добијат поширока политичка понуда и можности за избор. Предлогот не е прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ и за ДУИ.

Меѓу законите кои ќе бидат мегдан за политички пресметки и докажувања се и измените на Законот за одбрана, Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата со кој материјално ќе бидат обезбедени околу 1.000 лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, во периодот од 1 јануари 1993 до 30 јуни 2019 година во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација.

При крајот на маратонската седница се и Законот за данок на моторни возила, Законот за данокот на добивка, престанокот на важењето на Законот за трговија на зелени пазари, кој крена бура во јавноста и Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се реши случајот за плати на вработените во СЈО.

Пред пратениците наредната недела ќе се обрати и претседателот Стево Пендаровски, а последната недела, за последен пат министрите и Зоран Заев како премиер ќе одговараат на прашања од пратениците.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови