Собраниската седница за реконструкција на Владата ќе продолжи утре

Од:

Пленарната седница во Собранието на која се расправаше за реконструкција на Владата ќе продолжи утре на пладне. Предлогот за реконструкција на Владата, чиј кабинет се проширува со кадри од Алијанса за Албанците, а се намалува со тие од Алтернатива, беше на дневен ред на 104. седница на Собранието.

Иако Алтернатива на Африм Гаши ја напушти владината коалиција и најави дека ќе делува како опозициска партија, премиерот Димитар Ковачевски во своето барање за реконструкција на Владата рече дека во највисокиот извршен орган има место и за Алтернатива.

– Реконструкцијата не е мотивирана од имиња ниту презимиња, ниту од партиски мотиви. Точно знам што треба да правиме, знам да направам добро лошо, знам што е држава и што е личен интерес. Не се грижам за личниот рејтинг и за своите потреби. Од денот кога станав премиер реков дека во Владата ќе има отворена врата за сите кои сакаат иднина на државата.

Место во Владата има и за Алтернатива, сакам да и се заблагодарам за досегашната работа во министерствата. Имам свое мислење за работата на министрите, но работата мора да се оценува преку објективни критериуми – истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето образложение зошто ја првата реконструкција на Владата откако е нејзин претседател.

Ковачевски ќе ги предложи за нови министри Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, како и на Каја Шукова од СДСМ за министер за животна средина.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски