Собраниската седница за разрешување на Зврлевски поместена за еден час

Од:

Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе ја продолжи петтата седница на која се расправа по барањето на СДСМ државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да биде разрешен од должноста.

Поради учеството на пратениците во работата на неколку собраниски комисии, кои се одржуваат истовремено порано денеска, претседателот на Собранието Талат Џафери го помести продолжението на седницата за еден час подоцна.

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски на почетокот од расправата вчера образложи дека предлогот за разрешување е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

– За жал републичкото Јавно обвинителство од јануари 2013 година па до денес го претставуваше личност која за целиот свој досегашен мандат несовсесно и непрофесионално ја извршуваше својата задача и не го почитуваше доследно законот, рече Ристовски и, меѓу другото, додаде дека наместо да се грижи за човековите права и слободи, го претставувал Јавното обвинителство со молчење и непреземање никакви дејствија против криминалот.

Во своето обраќање пред пратениците Зврлевски вчера рече дека во изминатите четири години работел одговорно и совесно, врз основа на законот, Уставот и правилата во Јавното обвинителство.

– Во јавноста сум познат дека немам врска со политиката и дека сум наречен добар обвинител, така што немам партиски старешини, па со разрешувањето нема да почнат реформате, ниту ќе се врати довербата во судството, правосудството или јавното обвинителство. Останува на вас да оцените, им порача тој на пратениците.

Во дискусијата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оценија дека целта на барањето на СДСМ за разрешување на Марко Зврлевски е реваншизам на нивниот лидер и премиер Зоран Заев затоа што јавниот обвинител против него ги покренал обвиненијата за предметите Пуч и Поткуп.

Петре Шилегов од СДСМ, пак, истакна дека Зврлевски не успеал да ја сочува Република Македонија од политичарите, бранел криминал и дека неговата неспособност не е само политичка констатација и квалификација од страна на нивната партија, туку таква констатација, рече тој, државата добивала во скоро сите извештаи од релевантни меѓународни институции.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски