Собраниската седница продолжува во 20 часот

Од:

Собранието на Репбулика Македонија по точките од дневниот ред на 12 седница ќе продолжи да работи по 20 часот, откако по дадената пауза, продолжија со реплики и контрареплики по измените на Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите.

Пратениците не го прифатија предлогот на претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери да се откажат од расправата и да се премине на гласање.

Опозицијата истакна дека биле конструктивни и дека се согласиле да се држат до договореното, но оти тоа било прекршено од страна на пратеници од мнозинството.

Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ќе може да продолжат со работа по едночасовна пауза што ја побара, но претходно да се извини Јагода Шахпаска од СДСМ за критиките упатени кон нејзина колешка докторка, а доколку тоа не го направи таа, координаторот на пратеничката група да излезе и да се огради од тоа.

Претседателот на Собранието Талат Џафери им посочи на пратениците дека сите зборуваат за Денот на демократијата, но дека од однесувањето нема ни „Д“ од демократијата. Им даде пауза на пратениците, но поради протколарно обврски во Парламентот по повод Денот на демократијата, соопшти дека седницата ќе продолжи во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он