Собраниската расправа за новите министри ќе продолжи по пладневната пауза

Од:

Собранието ќе ја продолжи расправата за избор на новите министри, заменици-министри и вицегувернер на Народната банка, по пауза од час и половина.

Во текот на претпладневниот дел од седницата, ообено жестоки беа реакциите на ВМРО-ДПМНЕ по владиниот предлог Нина Ангеловска да биде министер за финансии. Опозициската партија обвини дека Ангеловска наводно им давала на своите вработени плата од 12.500 денари и побара од Заев и Ангеловска тоа да го потврдат или негираат.

Премиерот Зоран Заев им порача да не прават драми и да не „тресат информации од ракав“, туку да го уважат капацитетот и успехот на Ангеловска. Тој оцени и дека со острите коментари, ВМРО-ДПМНЕ всушност покажува дека се плаши од позитивните, според него, економски параметри кои се резултат на владините политики.

-Излезето од шаблонот на досегашното размислување, исклучиво партиски луѓе да се ставаат на функционерски позиции. Дајте им шанса на младите и успешните. Ќе ве убедам да го изгласате предлогот Ангеловска да биде министер за финансии зашто се работи за млад и исклучително успешен човек кој дополнително, сериозно ќе го засили владиниот капацитет, посебно во овој неповторлив, драгоцен период за земјата која очекува интегрирање во ЕУ и НАТО, истакна Заев.

За ВМРО-ДПМНЕ предлозите за новите министри се лапсус, лажен популизам и лоша хазардерска политика.

Би можело да ве интересира

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски