Собраниската расправа за нов заменик-министер за здравство ќе продолжи по паузата

Од:

Собранието на Република Северна Македонија ја прекина расправата по точката за избор на заменик-министер за здравство на денешната 120-та седница и даде пауза до 15.15 часот.

Премиерот Зоран Заев го предложи д-р Арменд Арслани, специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.

Во образложението за назначување на Арслани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, Заев рече дека е во тек негово професионално и научно усовршување како специјализант по урологија и уролошка хирургија, а од 2018 е член на Управниот одбор на специјализираната болница по Урологија во Струга.

Заев посочи дека во текот на својата професионална кариера Арслани редовно посетувал специјалистички семинари и учестувал на студиски престои во земјата и странство, со што го усвовршува своето образование. Тој, како што рече Заев, од неговите работи поврзани со медицината се издвојува работата на преводот на Водичот на Европската асоцијација на уролозите, со што има придонесено во теоретската надоградба на оваа област.

Опозицијата за време на расправата ја обвини власта за лоши политики во здравството, како и за предизборно зголемување на платите на специјалистите.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека не треба нов заменик-министер за здравство, туку нов министер за здравство, бидејќи како што рекоа, работата на Венко Филипче е скандалозна и на сите анкети граѓаните се незадоволни од неговата работа.

Според нив, највисоките претставници на здравството се зафатени со корупциски скандали и разликата меѓу нив е само во тоа што дали некој бил фатен или ќе биде фатен во примање поткуп.

Тие обвинија дека изградбата на новиот Клинички центар од 500 милиони евра е прескапо, истакнувајќи дека до крајот на изградбата би можел да достигне и до 700 милиони евра.

Тие побараа од власта и да преземе конкретни мерки против загадувањето, бидејќи 16.000 граѓани во државава, како што посочија, се директно здравствено засегнати од загадениот воздух.

Заев рече дека треба да се признае сработеното на оваа Влада, додавајќи дека целиот медицински персонал треба да се задржи и да се мотивира да остане во земјава.

Посочи дека зголемените плати на матичните лекари, специјализантите и на медицинскиот персонал се во период од две и пол години во мандатот на оваа Влада.

– Две години и пет месеци сум јас претседател на Владата, немав можност да бидам четири години колку што е мандатот на претседател на Влада, од некои просечни примања од 42 до 45 илјади денари, вкупни приходи со дежурства, успеавме да достигнеме специјалистите во Клиничкиот центар да имаат 100 денари со ова ново покачување заедно со дежурствата, тоа е големо покачување од 42 илјади на 100 илјади денари, рече Заев.

Премиерот информираше дека очекува реализација на капиталниот проект за новиот Клинички центар, согласно објавената динамика.

Би можело да ве интересира

Законодавно-правната комисија ќе расправа за автентичното толкување на член 11 од Законот за помилување

Ана Ололовска

Џафери: Хрватска е наш безрезервен поддржувач за ЕУ и НАТО

Ана Ололовска

Собранието го чека мислењето од Владата за автентичното толкување

Ана Ололовска

Мираковска ќе чека мислење од Владата, па ќе закаже седница на ЗКП за автентичното толкување

Ана Ололовска

Зендели: Ние сме против аболиција, но треба да го видиме официјално предлогот

Ана Ололовска

Џафери: Седницата за автентичното толкување најрано на 11 декември

Ана Ололовска