Собраниската Комисија за уставни прашања расправа за четвртиот амандман на Уставот

Од:

Собраниската Комисија за уставни прашања ја почна расправата за четвртиот и последен нацрт-амандман, односно за амандманот 36 со кој се предлага да се замени членот 49 од Уставот, што произлегува од потребата за имплементација на Договорот од Препа меѓу Македонија и Грција.

Со нацрт-амандманот, како што појасни премиерот Зоран Заев, се предлага и се потенцира обврската на Република Македонија за заштита, гарантирање и негување на историското и културното наследство на македонскиот народ, како и заштита на правата и интересите на државјаните кои живеат или престојуваат во странство и унапредување на нивните врски со татковината. Во амандманот е пропишано дека Републиката се грижи и за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Тоа се прави на начин кој нема да предизвика нови кавги и проблеми со соседите, туку ќе гради трајно пријателство.

– Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со кој треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската унија и НАТО. Согласно Договорот, Република Македонија и Грција се обврзаа ниту една одредба од Уставот да не може или не треба да се толкува на начин што претставува или кога било ќе претставува основа за мешањето во внатрешните работи на другата држава во каква било форма или за каква било причина, вклучително и заради заштита на статусот и правото на кој било лица кои не се нејзини граѓани, рече премиерот Заев.

Со новата формулација на членот 49, потенцира, се даваат гаранции за заштита на македонскиот идентитет.

-Идентитетот на македонскиот народ е заштитен. Нема да има никакви промени во идентитетот. Се внесува обврска во Уставот за заштита и негување на македонскиот идентитет. Овој став е на предлог на новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Драго ми е што доаѓа вака надополнет зашто во последните неколку месеци тоа беше една од најотврените точки за дебата во земјава. Со тоа го затвораме и ова прашање со уште еднаш гарантирање на македонскиот идентитет во Уставот, рече Заев.

Нагласи дека внесувањето во Уставот на дополнителна заштита на македонскиот идентитет не е на сметка на другите заедници, бидејќи во членот 48 веќе има силни гаранции за иднетитетот на заедниците.

Со уставните амандмани, како што кажа, решаваме 2,5 децениски спор за да ја извлечеме нашата земја од стегите на изолацијата.

Претникот Фадил Зендели од БЕСА рече дека дијаспората не е само македонска, туку е и на другите етнички заедници.

– Не може припадниците на другите етнички заедници да се третираат како граѓани кога се во странство. Мора да се најде формулација како да се гарантираат нашите права како Албанци од Македонија кога сме во странство. Треба да има посебна формулација и за дисјаспората од другите заедници, а не само за македонската, рече Зендели.

Во реплика премиерот Заев му одговори дека Уставот потенцира дека државата води грижа за сите граѓани и го почитува идентитетот на сите свои граѓани дома и во странство и додаде дека заедно со експертите ќе го разгледа барањето за да не му се предизвикува непријатно чувство или чувство на нееднаквост на ниту еден граѓанин во нашата земја кога, како што рече, нашата земја води грижа за него во државата или кога е надвор од земјата.

Сурија Рушити од Алијансата на Албанците обвини дека Уставот ги дели граѓаните во земјава на граѓани од прва и втора категорија, односно на сопственици и кираџии. Посочи дека нема ниту еден пример каде правото се обезбедува врз основа на процентуална застапеност како кај нас и побара да се вметне одредба за заштита на културното и историското наследство на Албанците од Република Македонија во земјава, бидејќи за тоа не може да се грижат ниту Тирана ниту, пак, Приштина. Посочи дека е двојно поголем бројот на Албанците од Македонија кои во последните 100 години ја напуштиле земјава од разни причини од оние кои останале и побара сите категории граѓани да бидат вклучени во амандманот.

Во реплика премиерот му одоговри дека се посветени на еднаквиот третман награѓаните во земјава и додаде дека во членот 48 од Уставот е гарантирана еднаквоста на заедниците, а со амандманот се предлага на креативен начин уште еднаш да се потврди македонскиот иднетитет. – Ако тоа се додаде и за другите етнички заедници ќе се дерогира членот 48 од Уставот, рече Заев.

Хари Локвенец од СДСМ рече дека смета оти е вистинско решение предлогот на новата пратеничка група од опозицијата за зачувување на македонскиот идентитет преку негово спомнување во амандманот. – Со амандманот покажуваме дека македонските црвени линии се заштитетни и дека е заштитен македонскиот народ и идентитет, рече Локвенец.

Во реплика Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ му порача дека во Македонија веќе нема црвени линии.- Не ги зачувавте македонските црвени линии, бидејќи во Македонија веќе нема црвени линии за ништо. Буквално патос избришавте со нив, рече Ѓорчев и додаде дека договорот со Грција е асиметричен, бидејќи Грција не го менува Уставот. Посочи дека е свесен оти било неопходно да се постигне консензус, но, како што рече, не вака лесно, бидејќи во иднина ќе добиваме нови и нови уцени.

Панчо Минов од Гром побара во амннадманот да се стави дополнителна одредба која ќе гласи „Републиката ги заштитува, гарантираи негува идентитетот и историското и културното наследсвто навмекдонскиот народ“, на што премиерот Заев му рече дека може да дојде до фрустрации ако нешто се потенцира премногу и оти не е добро двапати да се потенцира исто. Сепак вети дека ќе бидат доволно креативни при изработката на конечните уставни амандмани и во нив ќе се обидат да ги внесат сите забелешки.

-Грчкиот партнер нема проблем со нашиот идентитет и нашата определба. Јас сум Македонец и тоа чувство не може никој да ми го земе, но убаво е да најдеме начин низ дебата тоа да го потврдиме, потенцира Заев.

Независната пратеничка Елизабета Канческа Милевска и порача на власта дека треба да се обиде да постигне консензус по прашањет на промена на Уставот. – Владата треба да се заложи во овој период да се постигне национален консензус за ова прашање. Ако некој мисли дека ќе добие политички поени во овој процес многу се лаже. Не треба да се делиме на патриоти и предавници. Треба да најдеме модул и начин во државата да има подобар живот, рече Канческа Милевска.

Реплицирајќи и премиерот Заев рече дека ќе се трудат да има вграденост на опозицијата и власта во, како што рече, еден процес кој значи сервис за граѓаните. и додаде дека за цело време на преговорите со Грција ја информирал опозицијата за се што се случува. – Добродојден е секој капацитет за да ги дополниме амандманите. Во нив веќе се вградени делови од разговорите со осумте пратеници од опозцијата што ја поддржаа потребата од уставни амандмани за имплемнтација на Договорот од Преспа, рече Заев.

Независната пратеничка Нола Исмајловска Старова посочи дека во Грција е дискутабилно спомнувањето на македонски народ, а тоа, како што кажа, го потврдил и потписникот на Договорот од Преспа, Никос Коѕијас.- Добро е што со Договорот првпат се прифаќа постоењето македноска нација и македонски јазик од грчка страна. За да гласаме многу е битно да стои дека Договорот ќе биде ништавен доколку Грција не го исполни во целост, рече Исмајловска Старова.

За дискусија се пријавени вкупно 12 пратеници, а досега своето право на говор го искористија седум. Расправата ќе продолжи по едночасовната пауза.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште