Собраниската комисија за надзор ќе разгледува извештај за прислушувани лица

Од:

Членовите на матичната собраниска Комисија денеска ќе го разгледуваат Извештајот за извршените контроли на примената на посебната истражна мерка „Следење и снимање на телефонските и други електронски комуникации во постапка утврдена со посебен закон“.

Ова е единствена точка на денешната седница на Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

Покрај оваа, во Собранието седници ќе одржат и Комисијата за здравство и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Комисијата за здравство се извештаите на Законодавно-правната комисија по предлог-измените на Законот за санитарна и здравствена инспекција и на Законот за лекови и медицински средства, двата во второ читање.

Комисијата за земјоделство ќе го разгледа извештајот на Законодавно-правната комисија по предлог-измените на Законот за ловство.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги