Собраниска седница за буџетот и за распуштање на Парламентот

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 125. седница на која треба да се расправа за донесување на Дополнетиот предлог Буџет на државата за 2017 година и за одлуката за негово распуштање за која предлози имаат доставено пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери и пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Пред одржувањето на седницата за 10 часот е закажана координација на пратеничките групи на која се знае текот на седницата.  

Предлогот за распуштање СДСМ образложи дека е во согласност со Договорот од Пржино во интерес на разрешување на политичката криза и оти веќе почнале законските рокови за распишување избори. Според ДС, пак, со распуштањето на Парламентот ќе се создадат уставни можности изборите да се одржат на 11 декември годинава.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ поддршката за одлуката за распуштање на Собранието ја услови со претходно усвојување на буџетот за 2017 година. Според партијата, со донесување на буџетот ќе се обезбеди гаранција за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.  

На координацијата на пратеничките групи се очекува да стане збор и за Шестата изборна единица, која има повеќе гласачи од дозволеното. Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан по неговите средби во петокот во Скопје со лидерите на четирите најголеми партии порача да се реши ова прашање со цел да не се остави простор за критика на изборите. Работната група формирана од четирите најголеми партии во Парламентарната не најде решение за ова прашање.

Инаку, меѓу точките на оваа седница се и Предлогот за именување членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност и на Законот за банките, како и Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2017 година.

По завршувањето на оваа седница, Собранието треба да ја одржи 122-та седница на која на дневен ред е Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска