Собраниска делегација во посета на Украина

Од:

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина утре и задутре ќе престојуваат во Киев во посета на Пратеничката група на Врховната рада за меѓупарламентани односи со Република Македонија.

Во состав на делегацијата се претседателот на Пратеничката група за соработка Јован Митрески и пратениците Весна Пемова и Ејуп Алими, кои во Украина патуваат на покана на претседателот на пратеничката група на Врховната рада Андриј Шињкович.

Во рамките на посетата предвидени се средби со Андриј Парубиј, претседател на Врховната Рада на Украина, Генидиј Зубко, вице-премиер на Владата на Украина, Василиј Боднар, заменик-министер за надворешни работи на Украина, како и претседателите и членовите на Комисијата за надворешни работи, Комисијата за европска интеграција и Пратеничката група за односи со Република Македонија на Врховната Рада (парламентот) на Украина. Членовите на Делегацијата ќе го посетат и „Киевскиот политехнички институт Игор Сикорски“, при Националниот технички универзитет на Украина.

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра