Собраниска делегација учествува на 14-та сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот во Атина

Од:

Актуелните политички случувања и безбедноста на Блискиот Исток и во Северна Африка, борбата против тероризмот, климатските промени, справувањето со мигрантското прашање, како и промоција на човековите права, се темите за кои ќе стане збор на 14-та пленарна сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот, што се одржува во Атина, а на кое учествува и четиричлена делегација од македонското Собрание, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратениците Емил Димитриев, Владанка Авировиќ, Хари Локвенец и Чедомир Саздовски, како членови на нашата делегација, денеска и утре заедно со нивните колеги од 28 земји членки, но и држави и организации набљудувачи, ќе дискутираат за темите што се на агендата.

Шефот на нашата делегација, пратеникот Емил Димитриев во изјава за МИА вели дека соработката во борбата против тероризмот и справувањето со миграцијата се темите кои што се од наш интерес.

– Република Македонија е дел од овој формат од 2006 година и активно учествува во работата. Самото Парламентарно собрание како дел од приоритети ги има човековите права, борба против тероризмот, миграцијата, теми во кои што ние како држава наоѓаме свој интерес, особено за нас се интересни делот во соработката против тероризмот и справувањето со миграцијата, теми кои што ги тангираат речиси сите земји од Медитеранот и тука го пронаоѓаме и нашиот интерес за учество во овие сесии, вели Димитриев.

За конкретните теми, како што објаснува, шефот на парламентарната делегација, за време на сесиите, пратениците од нашето Собрание ќе разменат мислења со нивните колеги.

– Во принцип тоа се средби во рамите на одржувањето на сесиите, се работи за поголем формат, се работи за формат од 28 земји членки и неколку земји и институции набљудувачи, меѓутоа секогаш се користи прилика да се разменат мислења со земји со кои што сметаме дека треба да одржуваме блиски контакти на овие теми, вели Димитриев.

Четиринаесеттата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот се одржува од 19 до 21 февруари во Атина. Работната сесија што започна утрово со говор ја отвори претседателот на грчкиот Парламент, Константинос Тасулас. На присутните им се обратија и претседателката на Парламентарното собрание на Медитеранот, Алиа Буран, како и поранешната потпретседателка на Парламентарното собрание на Медитеранот и на грчкиот Парламент, Елса Пападимитриу. Писмена порака, пак испрати генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а преку видео порака, учесниците ги поздрави и грчкиот архиепископ Јеронимос.

Учесниците, за темите ќе дискутираат на трите постојани комисии – за политичка соработка и безбедност за 2020 година, за економска, општествена соработка и соработка во животната средина и за дијалог меѓу цивилизациите и човековите права.

Би можело да ве интересира

Вељаноски: Собранието не направило преседан, изборите треба да се одложат

Кристијан Ландов

Џафери презентираше што сработел како претседател на Собранието

Ландов

Соботка: С. Македонија веќе е европска земја, се надеваме на зелено светло кон крајот на месецот

Ана Ололовска

Претседателот на Националниот совет на Австрија Соботка во посета на Собранието

Ана Ололовска

Џафери за српска „Политика“: Докажавме дека Албанец на значајна позиција не е бауч

Ана Ололовска

Реакции во француски медиуми за распуштањето на Парламентот и предвремените избори

Ана Ололовска