Собраниска делегација на средба со градоначалникот на Крива Паланка

Од:

Реализацијата на актуелни проекти и можностите за прекугранична соработка на општина Крива Паланка биле тема на разговор на делегацијата од македонското Собрание која, на пат во официјална посета на Парламентот на Република Бугарија, денеска се сретна со градоначалникот на општината Борјанчо Мицевски.

– На средбата разговаравме за проекти кои тековно се реализираат во општината, за актуелните проекти, како и за можностите за унапредување на меѓународната соработка помеѓу општини од Република Македонија и Република Бугарија во рамки на можностите за прекугранична соработка, изјави Ташевска -Ременски која ја предводи собраниската делегација.

Во составот на делегацијата се и Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, Реџеп Исмаили пратеник од ДУИ, Реџеп Мемеди пратеник од БЕСА и пратеникот од Партијата на пензионерите Илија Николовски.

На средбата градоначалникот ја истакна досегашната добра пракса на локалната самоуправа на општината на успешно реализирани проекти со повеќе општини од Бугарија во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, како и тековната реализација на проекти за прекугранична соработка со Косово.

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски