Собраниска делегација на конференција во Берлин

Од:

Македонска собраниска делегација ќе учествува на Третата меѓународна конфереција на Законодавно-правни комисии, што во организација на Фондацијата ИРЗ, а во соработка со претседателот на Комисијата за правни прашања на германскиот Бундестаг, Зигфрид Каудер, денеска и утре ќе се одржи во Берлин.

На конференцијата, како што соопшти денеска собраниската прес-служба, ќе учествуваат пратеникот Малиша Станковиќ, заменик на претседателот на Законодавно-правната комисија Сузана Салиу, која е и потпретседател на Собранието на Република Македонија и Марија Рашковска член на Законодавно-правната комисија.

Тема на конференцијата ќе биде „Законодавниот процес – Улогата и влијанието на институциите”.
Пратениците ќе имаат можност заедно со претставници на 12 земји-учеснички да дебатираат за законодавниот процес, учеството на граѓанското општество, професионалните здруженија, во работата на парламентот, лобирањето.

Според програмата на конференцијата, на пратениците ќе им биде презентиран и законодавниот процес во Сојузна Република Германија од перспектива на Бундестагот и Бундестратот, Сојузната влада, професионалните здруженија и бизнисот.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски