Собраниска делегација на Есенското заседание на ПС на ОБСЕ

Од:

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, од денеска до 15.овој месец, ќе учествува на Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што се одржува во Будва, Црна Гора.

Во состав на македонската делегација се пратениците, Ана Павловска Данева како шеф на делегацијата и членовите Владимир Ѓорчев и  Беким Фазлиу.

Во рамките на Есенското заседание ќе се одржат парламентарна конференција на тема „Решавање на транснационалните закани и заштита на човековите права: улогата на ОБСЕ“, седница на Постојаниот комитет на ПС на ОБСЕ и Медитерански форум.

На парламентарната конференција на тема „Решавање на транснационалните закани и заштита на човековите права: улогата на ОБСЕ“ се очекува да се обратат  претседателот на Парламентот на Црна Гора и на Парламентарното собрание на ОБСЕ Ранко Кривокапиќ, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ,  високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Астрид Торс, координаторот за активностите за решавање на транснационалните закани во секретаријатот на ОБСЕ Алексеј Луженков, претставници на ПС на ОБСЕ и експерти.

Во рамките на Медитеранскиот форум на тема „Медитеранот – унија на цивилизации“ ќе се одржи специјална дебата за состојбата во Сирија. Воведничари во дебатата ќе бидат претседателите на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Ранко Кривокапиќ, на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан-Клод Мињон и министерот за надворешни работи на Црна Гора, Игор Лукшиќ.

Се очекува на Есенското заседание на ПС на ОБСЕ да учествуваат околу 200 пратеници од над 50 земји. Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка.

Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите и права и животната средина.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он