А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието за денеска закажа продолженија на три седници

by А1он25/12/2019 - 08:20311
Share0

Собранието денеска треба да ги одржи продолженијата на 116-та, 123-та и 126-та седница.

Следете a1on на Instagram Instagram

На дневен ред на 116-та седница треба да ги разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, поднесен од пратениците Ејуп Алими, Анета Симеска Димоска, Хари Локвенец, Реџаиљ Исмаили, Диме Велковски, Мирослав Јовановиќ, Реџеп Мемеди, како и Предлог законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор,по скратена постапка, поднесен од пратениците Ејуп Алими, Диме Велковски, Артан Груби, Мирослав Јовановиќ.

Пратениците во рамки на оваа седница треба да расправаат и по Предлог законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија, во прво читање, како и по Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во прво читање, а поднесен од пратениците Весна Пемова, Слаѓана Митовска, Жаклина Пешевска, Горан Манојлоски, Благица Ласовска, Павлинче Честојнова, Љупчо Димовски, Драган Данев, Јохан Тарчуловски, Стојан Миланов, Крсто Јовановски, Иван Иванов, Никола Мицевски, Зоран Илиоски, Дафина Стојаноска, Магдалена Манаскова и Ѓоко Камчев.

На дневен ред на 123-та седница, пак, се останати повеќе точки, меѓу кои Предлогот за избор на заменици на Народниот правобранител, и двата предлози за именување и дополнување на изборниот законик.

Следете a1on на Youtube YouTube

Собранието за денеска го закажа и продолжението на 126-та седница, за чиј дневен ред беа утврдени 125 точки. Вчера попладнето, пратениците ја завршија расправата по шест од нив, но гласањето го одложија за некое нејзино наредно продолжение.

sobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео