Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која ќе се избира претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Парламентарните партии по тридневните состаноци во Собранието, во четвртокот постигнаа договор претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата да биде од ВМРО-ДПМНЕ. За таа функција, според предлог-составот на Комисијата, објавен на веб страницата на Собранието, е предложен Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, а за негов заменик Зоран Илиоски.

Во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и Беса по еден член.

Од ВМРО-ДПМНЕ за членови се предложени Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

На дневен ред на конститутивната седница е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија за чие изгласување потребни се 61 глас од вкупниот број на пратеници.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи изјави дека по внатрешните анализи, но и по консултациите со другите политички партии, е одлучено кандидатот на ДУИ, но и на парламентарното мнозинство за претседател на Собранието на Република Македонија, да биде Талат Џафери.

За СДСМ важно е првиот човек на Парламентот да има искуство, да го знае Парламентот и парламентарната демократија. Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за телевизија Канал 5 изјави дека Талат Џафери е еден од посериозните кандидати за претседател на Собранието на Република Македонија.

– Ние имаме наши кандидати. Партијата БЕСА има свој кандидат. Џафери е еден од посериознините кандидати затоа што од сите други кандидати поседува најголемо искуство во работењето на Парламентот и верувам дека има големи шанси тој да биде, истакна Заев.

Од Движењето БЕСА, пак, изразија резервираност околу изборот на Џафери за претседателот на Парламентот со оглед на тоа што не учествувале при договарањето на СДСМ и ДУИ. Нивниот портпарол за Телевизија 21 најави дека имаат свои кандидати.

И ВМРО-ДПМНЕ остави можност да излезе со свој предлог.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он