А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието утре ќе ја продолжи 15.седница

by А1он21/09/2017 - 18:36118
Share0

Пратениците попладнево во рамки на 15. седница ја продолжија расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пратениците од мнозинството истакнаа дека Законот е во согласност со Уставот, не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе придонесе за зголемување на соживотот во државата. Законот, посочија, се носи во редовна постапка и откако ќе се утврди потребата за негово носење ќе оди во второ читање.

Опозицициските пратеници побараа повлекување на Законот и отворање широка дебата на стручната и на општествената јавност. Според нив, со него не се решава проблемот, туку се зголемува јазот.

Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека изостанува широка дебата и во подредена ситуација се ставени сите жители на Република Македонија кои се Турци, Срби, Роми, Власи, Египќани.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во реплика на излагањето на Стевананџија, Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија на Македонија рече дека се наметнува прашањето дали може пред локалните избори да се донесе ваков предлог на закон. – Тој ќе делува на гласачите и во голема мерка ќе ја поддржи владината коалиција што е спротивно на член 8 од Изборниот законик на Република Македонија, истакна Авировиќ.

Хари Локвенец од СДСМ во реплика на Авировиќ потенцира дека таа има конструктивни забелешки, но, како што рече, тие може да се дискутираат и да се наметне нивното изменување само во втората фаза, никако поинаку.

– Од друга страна со сите дејства во меѓувреме кои се случија тука, јас сум убеден дека имаме проблеми, имаме проблеми и во добронамерноста и во желбата да се добие еден добар закон. Јас сум убеден дека е уставен Законот, дека сите ваши забелешки не држат место, меѓутоа можеме да зборуваме за тоа. Никој не сака да донесе закон кој ќе падне на Уставен суд. Ова ве уверувам. Да се обидеме сите заеднички да донесеме не закон со толкување, туку еднозначен закон кој точно, прецизно, егзактно ќе одговори на сите прашања и на сите предизвици, рече Локвенец.

Посочи дека македонскиот јазик е и државен и службен и официјален и никој со ништо, ама буквално со ништо не го загрозува нашиот македонски јазик. Од друга страна, нагласи, опасноста кон нашиот јазик е само во нас, во употребата, во начинот на негување на тој јазик.

– Да внимаваме на тешките зборови зошто следниве избори не се целиот живот пред нас. Имаме уште долги години и за нас самите, меѓутоа и за идните поколенија, додаде Локвенец.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери ја прекина седница и нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.

sobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео