Собранието усвои Декларација по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Македонија

Од:

Македонското Собрание денеска усвои Декларација по повод 75 години од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка.

Собранието, како што појасни координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, се носи во спомен на 7.144 Евреи кои беа депортирани од Македонија. Со Деклрацијата им се оддава почит на Евреите од Македонија и им се вреднува придонесот и значењето што го имаат за државата.

При нејзиното донесување, посочи Тунтев, се поаѓа од мултикултурниот и мултиконфесионалнот карактер на македонското општество и имајќи го предвид придонесот на припадниците на Еврејската заедница во севкупниот развој на Република Македонија, како и фактот што таа претставува важен дел од историјата и традицијата, а преку младата генерација е дел од сегашноста и иднината на државата.

На 11 март годинава, се вели во Декларацијата, се навршуваат 75 години од депортацијата на 7.144 Евреи од територијата на денешна Република Македонија или 98 отсто од еврејската популација во тој период од страна на нацистите и нивните сојузници во логорот на смртта Треблинка и од каде што ниту еден од нив не се врати жив.

Со Декларацијата, се осудува холокаустот, но и неговото негирање и искривоколчување. Се апелира во сите активности и проекти кои се однесуваат на теми поврзани со Холокаустот фокусот да биде ставен на младите генерации и нивно што поголемо вклучување во истите, а со цел Холокаустот или било кој друг геноцид никогаш да не се повторат.

Таа ќе биде доставена до Кнесетот на Државата Израел, ОН, Советот на Европа, ОБСЕ, Европскиот парламент, Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот, Светскиот еврејски конгрес и други релевантни меѓународни организации.

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски