Собранието треба да одржи три седници

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 55-тата седница на чиј дневен ред е Предлог законот за правосудниот испит, по скратена постапка, поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство.

По нејзиното завршување ќе се одржи и 69-тата седница на која ќе се разгледа Барањето за давање автентично толкување на член 4, а во врска со член 18 став 6 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, поднесено од пратеник од опозицијата.

По завршувањето на двете седници пратениците ќе расправаат и по дневниот ред на 72-та седница каде меѓу другите точки е и Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, поднесен од повеќе пратеници од владеачката коалиција.

Во рамки на седницата е и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка при изградбата на гасоводот – кракот на гас во Република Македонија, како и повеќе предлог закони во прво и второ читање и по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on