Собранието треба да констатира престанок на мандатите на пратениците Мицевски, Стаменкоска Трајкоска и Проданоски

Од:

До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник. Известувањата следуваат по изборот на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, Мицевски на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска на Кисела Вода и Проданоски на Прилеп, на Локалните избори, што се одржаа, на 19 октомври и 2 ноември.

Се очекува на денешната седница на Собранието, прва по вчерашниот втор круг од локалните избори, да биде констатиран престанок на нивниот пратенички мандат. Пред пратениците на седницата треба да се обрати претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос.

На местата на Стаменковска-Трајковска и Мицевски пратеници треба да бидат следните на листата во Изборната единица 1, додека на местото на Продановски од Изборната единица 4.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини