Собранието треба да ја продолжи 67. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 67. седница на која има повеќе законски решенија во прво читање. Пратениците треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности, на Законот за процена, на Законот за медијација, на Законот за вештачење, на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители…

На дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за постапување по претставки и предлози, на Законот за електронско управување, на Законот за електронските комуникации, на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за управната инспекција, на Законот за ловството, на Законот за рибарство и аквакултура, сите во прво читање…

На седницата треба да се расправа и по Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка, како и по неколку законски решенија поднесени од пратениците од опозициските партии.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции