Собранието треба да ја продолжи 67. седница

Од:

Собранието на Република Мкаедонија денеска треба да ја продолжи 67. седница. На дневен ред на седницата, меѓудругите, се предлог законите за изменување и дополнување на законите за катастар на недвижности, за процена, за медијација,  за вештачење, за Академијата за судии и јавни обвинители, за постапување по претставки и предлози и за електронско управување, сите во прво читање.

Пратениците во рамки на оваа седница треба да ги разгледаат и законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, за безбедност и здравје при работа, за социјалната заштита, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, за Академијата за наставници…, исто така, во прво читање.

Македонското Собрание треба да расправа и по неколку предлог законски решенија поднесени од пратениците од опозициските партии, како и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи