Собранието треба да ја одржи 94. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 94. седница на чиј дневен ред се дваесеттина законски решенија во второ читање.

Пратениците треба да ги разгледаат предлог законите за изменување и дополнување на законите за обезбедување на побарувањата, за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, за домување, за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за јавните патишта, за воздухопловство, за градежно земјиште…

На дневен ред, меѓудругите, се и предлог законите за изменување на законите за спречување и заштита од дискриминација, за полиција, за интероперабилност во железничкиот систем.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска