Собранието треба да го избере новиот состав на ДИК

Од:

Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која ќе биде утврдена предлог-одлука за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија (ДИК).

Лидерите  на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на вчерашната средба во Клубот на пратениците постигнааа договор за целосниот состав на ДИК.

– Препорачуваме Парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Алсекаднар Чичаковски за независни експерти во ДИК. Го покануваме Парламентот да ги финализира неоходните постапки што е можно побрзо, со цел  ДИК да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието, се наведува во заедничката изјава на четворицата лидери објавена по средбата.

Претходно, по завршувањето на јавниот оглас партиите предложија членови на ДИК и тоа ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и Сашо Срцев, СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, ДУИ Субхи Јакупи, а ДПА Бедередин Ибраими.

Претседателот и потпретседателот на ДИК ќе се бираат од редот на експертите, според новите измени на Изборниот законик.

По потврдувањето на имињата на деветмината членови на ДИК од Комисијата за прашања на изборите и именувањата, се очекува да биде свикана и пленарна седница на која ќе биде изгласан новиот состав на ДИК.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска