Собранието треба да донесе одлука за избор на нов состав на ДИК

Од:

Пратеници на СДСМ, ДУИ, Беса и на Алијанса предлагаат да се распише оглас за избор на нови претседател, потпретседател и пет члена на Комисијата, затоа што мандатот на сегашниот состав истекува за еден месец, а оваа Предлог одлука е ставена како точка на дневен ред на за денеска закажаната 29. собраниска седница.

Предлогот е поднесен од координаторите на пратеничките групи на владејачките СДСМ и ДУИ, како и од Кастриот Реџепи од Беса и Атнан Незири од опозициската Алијанса за Албанците.

-Имајќи ја предвид Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес(Службен весник на Република Северна Македонија, број 72/2020 и 154/2020) мандатот на постојнит состав на Државната изборна комисија е пред истекување. Од овие причини Собранието на Република Северна Македонија треба да огласи извор за нови претседател, потпретседател и пет члена на Комисијата поради што предлагаме Собранието да ја донесе оваа одлука, пишуваат пратениците во образложението.

Огласот за избор на нов состав на ДИК би се реализирал според важечките правила во Изборниот законик, со оглед на тоа што досега не се извршени измени и не е донесен нов. Неодамна во Министерството за правда беше формирана работна група која треба да работи на измени на Изборниот законик.

За избор на членови на ДИК е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.

Би можело да ве интересира

Во Собранието в петок јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Катерина Ѓуровски

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки

Катерина Ѓуровски

Во Собранието седница за пратенички прашања

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски