Собранието се уште го утврдува дневниот ред на 14. седница, Вреди ја напуштија седницата

Од:

Пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.

Предлог законот со 71 глас „за“ стана дел од точките на дневниот ред на 14. седница кој пратениците и по два часа од почетокот со работа се уште го утврдуваат.

На барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски дневниот ред е дополнет и со Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.

Во тек е пауза на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој реагираше дека законот се предлага по скратена пстапка, без претставник на Владата.

Претходно, Аднан Азизи од Вреди повторно ги повика пратениците од оваа коалиција да ја напуштат седницата, откако реплицираше на процедурална забелешка на координаторот на ДУИ Блерим Беџети.

Беџети ги обвини Вреди за хипокризија со тоа што дозволиле законот за бранители по скратена постапка на предлог на Славјанка Петровска од СДСМ да стане дел од дневниот ред.

-Европскиот фронт нема да го поддржи овој закон, но вие сте парламентарно мнозинство и требаше да стопирате ова да не се изгласа, рече Беџети.

Азизи пак посочи дека ДУИ биле долги години на власт и не го донеле законот за инвалидите на УЧК и нивните семејства, како и дека се обидуваат да враќаат националистички теми продавајќи патриотизам.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски