Собранието расправа за уставните измени за бракот

Од:

Собранието на денешната 72-ра седница ја почна расправата по Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија во делот на дефинирањето на бракот како заедница исклучиво меѓу маж и жена, поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство.

Претставникот на предлагачите, пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека со Предлогот бараат уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, а децата без родители да можат да бидат посвојувани само од брачни парови во кои ќе има еден маж и една жена или од самохрани родители.

Со измената на Уставот на РМ, како што подвлече, оваа правна положба на брачната институција уставно треба да се дефинира како заедница ислучително помеѓу еден маж и една жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.

– Истовремено треба да се уреди прашањето дека ниту една друга заедница на живот, освен уставно дефинираната брачна заедница помеѓу еден маж и една жена нема да произведува правни дејствија и последици во Република Македонија, рече Ѓорчев.

Посочи дека најважни морални обврски се семејството, бракот, мајчинството, татковството и грижата за децата и оти бракот како заедница е соочен со предизвиците на новото време.

– Интенција на предлагачите е  да се оневозможи некое идно парламентарно мнозинство со само 42 гласа да го менува Законот за семејство и  да ја  редефинира структурата на бракот, додаде Ѓорчев.

Ивон Величковски од ЛП рече дека постапките на Владата не одат во прилог на тезата за заштита на бракот и семејството. Тој побара толерантен пристап кон различните групи, зацврстување на секуларните принципи и спречување на мајоризацијата во граѓанските, етничките и религиозни релации.

За да се донесат уставните измени потребно е дво-третинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на барање на пратеникот Игор Ивановски од СДСМ даде пауза од половина час, по која треба да продолжи расправата за уставните измени.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он